Амбасадата на САД во Киев со предупредување: Знајте ја локацијата на вашето најблиско засолниште

пред 3 години

Граѓаните на САД кои престојуваат во Украина треба внимателно да ги следат владините соопштенија и локалните и меѓународните медиуми во потрага по информации за променливите безбедносни услови стои во безбедносното предупредување издадено од страна на американската амбасада.

Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика американските граѓани во Украина „веднаш да заминат доколку е безбедно да го сторат тоа, користејќи каква било комерцијална или друга приватна опција за копнен транспорт“, и соопшти дека оние што остануваат треба да се под зголемена будност поради потенцијалот за активна борба, криминал и граѓански немири“.

„Американските граѓани кои остануваат во Украина треба внимателно да ги следат владините соопштенија и локалните и меѓународните медиуми во потрага по информации за промена на безбедносните услови и предупредувања за засолниште“, се вели во предупредувањето, пренесува Си-Ен-Ен.

Овој медиум ја нарече безбедносната ситуација во Украина многу нестабилна, предупредувајќи дека условите може да се влошат без предупредување и истакна дека на „24 февруари руските сили нападнале големи украински градови, а украинската влада го затвори својот воздушен простор за комерцијални летови поради руската војска акција.”

„Знајте ја локацијата на вашето најблиско засолниште или заштитено подрачје. Во случај на минофрлачки или ракетен истрел, следете ги упатствата на локалните власти и веднаш побарајте засолниште“, стои во предупредувањето.