(Галерија) Две деца се загубија на концертот на „Дајте музика“, фановите ќе ја турнеа оградата, лудило на настапот по новите идоли на децата

(Галерија) Две деца се загубија на концертот на „Дајте музика“, фановите ќе ја турнеа оградата, лудило на настапот по новите идоли на децата

пред 3 години

Две деца се загубија на концертот на „Дајте музика“ што се одржа денес пред Ист Гејт Мол во Скопје. Ова се случи среде настап, па ѕвездите на серијата мораа на микрофон да ги побараат родителите. По ова забавата продолжи оти на концертот дојдоа илјадници фанови од цела Македонија. Одамна на едно место немало толку многу гужва и овации. Вистинска инвазија од деца и родители.

Со кренати раце и насмевки, довикувања, сите се журкаа со песните кои за кратко време станаа вистински хитови. Како во најубавите времиња пред пандемијата. Фановите песните ги пееја во еден глас со децата од „Дајте музика“. И додека хитовите се редеа еден по друг, а на бината излегуваа децата од серијата, сите како да ја чекаа евровизиската песна Green Forces и новите миленици, Кристина, Анастасија, Миха и Филип. Публиката на цел глас и извикуваше нивните имиња, па ги испрати со силен аплауз кога завршија. Летаа играчки, ама и телефони на сцената, а избезумените фанови им довикуваа: „Сликај ми се“.

Не му беше лесно ни на обезбедувањето што стоеше пред бината. Едвај се справуваа со фановите што сакаа да поминат преку оградата и да дојдат до децата од „Дајте музика“. Вистинска лудница беше и зад сцената, оти фановите не сакаа да си одат. Тие стоеја пред шаторот каде што беа децата пејачи и ги чекаа да се сликаат со нив. Концертот на децата од „Дајте музика“ уште еднаш покажа најмладите имаат нови идоли, ама и дека фалеа вакви големи настани каде што сите може да се забавуваат.

Текст и фото: Редакција „Репортер“

Share
Scroll to Top