Владимир Путин, пораснат во дом без топла вода и стаорци: Ленинградската улица ме научи да го зададам првиот удар

Владимир Путин, пораснат во дом без топла вода и стаорци: Ленинградската улица ме научи да го зададам првиот удар

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Владимирович Путин е роден 7 октомври 1952 година во тогашниот Ленинград, СССР (сегашен Санкт Петербург) како дете на Владимир и Марија. Неговата мајка била фабрички работник, а неговиот татко бил регрутант во советската морнарица, каде што служел во почетокот на 1930-тите години.

Во својата автобиографија „First Person: An Astonishingly Frank Self-Portrait”, објавена во 2000 година, која се заснова на интервју со Путин, тој вели дека водел скромен живот. Живеел во комунален стан во Ленинград. Тогаш се соочува и со првата „битка“, односно се борел против стаорците кои се појавиле во ходниците на неговиот детски дом во трошниот советски станбен блок.

Приказната за тоа како се борел со штетниците дава до знаење дека тој ја добил битката, а многумина сметаат дека ја користи таа приказна за подобро да илустрира на кој начин го надминал поствоениот пустош и сиромаштијата, постигнувајќи го сето ова што го има денес.

„На излезот од домот имаше орди стаорци. Јас и моите другари ги бркавме со палки. Еднаш се соочив со огромен стаорец и го бркав низ цел ходник, додека не го начекав во еден агол. Немаше каде да бега. Изненадно, се фрли на мене. Бев изненаден и уплашен, затоа што никогаш не сум доживеал стаорец да ме нападне. Среќа, бев брз и успеав да му ја затворам вратата пред нос. Тогаш, во тој момент добив трајна и едноставна лекција што значи кога ќе ве стави некој „во ќош“, стои во неговата автобиографија.

Во една прилика Путин рекол за неговите родители дека „преживувале пекол“ за време на војната. Неговиот татко бил само еден еден од четворицата од вкупно 28 мажи во единицата кои успешно се вратиле од војната, а до крајот на животот бил наглув. А мајка му за малку не умрела од глад.

„Мојата мајка еднаш се онесвести од глад. Луѓето мислеа дека е умрена и ја легнаа до останатите починати. За среќа, се разбуди и почна гласно да вика“.

Тој имал двајца браќа, кои биле родени во средината на 1930-тите, но и двајцата починале. Едниот починал во рок од неколку месеци по неговото раѓање, додека додека другиот починал од дифтерија за време на опсадата на Ленинград во Втората светска војна.

Тој живеел во ужасен дом, поделен меѓу две семејства поради огромната сиромаштија.

„Немаше топла вода, када, тоалетот беше ужасен. Беше ладно и грозно“, изјави неговата поранешна учителка Вера Димитриевна Гуревич за Мирор.

Бил дете од улица, мал и ситен за своите години, често го малтретирале и многу сакал да зајакне за да може да им се спротистави. Во петто одделение бил еден од неколкуте во класот кој сè уште не бил Пионер, а тоа се должело главно поради неговото палаво однесување. Во шесто одделение започнал да тренира самбо а потоа и џудо.

„Родителите на Путин работеле деноноќно, неговата мајка работела на разни некфалификувани позиции, а татко му во фабрика. Малиот Путин бил препуштен на себе. Се дружел со другите деца, но бил често малтретиран, додека не почнал да тренира боречки весштини, џудо за да може да се брани и натпреварува“, вели Маша Гесен, авторката на книгата „Човек без лице: Неверојатниот успех на Владимир Путин“.

Тој сега има црн појас и сака да го кажува тоа јавно, а неговиот поблизок круг на пријатели го нарекуваат „џудо-креација“.

„Пред 50 години, ленинградската улица ме научи на едно правило – ако борбата е неизбежна, мораш да го зададеш првиот удар“, кажа Путин во 2015.

 Путин во една прилика изјави дека кариерата во КГБ го подготвила за да биде денес она што е, претседател на моќна држава. Па таа дисциплина останала да го следи до ден-денес. Тој работи по 17 часа дневно, што резултирало и врз неговиот приватен живот. Во 2014 година тој се разведе од Људмила Путин по 31-година брак, со која ги има ќерките Марија и Катерина.

 

Share
Scroll to Top