Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година

Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година

пред 3 години

Голманот Џанлуиџи Буфон (44) го продолжи договорот со Парма, соопшти прес-службата на италијанскиот клуб. Новиот договор е до 2024 година. Буфон потпиша со Парма минатото лето. Претходниот договор беше со важност до 2023 година. Оваа сезона голманот одигра 23 натпревари во Серија Б, на кои прими 23 гола. Буфон веќе играше за Парма од 1995 до 2001 година. Со тимот го освои Купот и Суперкупот на Италија, како и Купот на УЕФА. За Парма настапува и македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Share
Scroll to Top