Деница од Тетово го расплака жирито на музичкото шоу „Малта има талент“ и доби пофалби за своето пеење. 32-годишната девојка свиреше на гитара испеа микс од неколку песни меѓу кои и Angels од Роби Вилијамс, Born This Way од Лејди Гага, а потоа и традиционална малтешка песна.
Деница пет години живее на Малта, па откри дека таму дошла да ја истражи земјата, но решила да остане да живее, бидејќи се заљубила во државата.