(Видео) Поранешна мисица претепа девојка на паркинг

(Видео) Поранешна мисица претепа девојка на паркинг

пред 3 години

Поранешната мисица на Белгија, Тања Декстерс, претепала жена на паркинг во шпанското летувалиште Пуерто Банус, пренесуваат медиумите. Луѓето кои се нашле во близина го снимиле инцидентот во кој покрај Декстерс учествувале и нејзното момче Мајкл Петерс и момчето на другата девојка.

Немилиот настан почнал кога момчето на претепаната девојка се обидел да го паркира својот автомобил, но, Тања и Мајкл со нивните пријатели не му дозволиле. Тој се обиде да помине покрај нив, па случајно поминал на нечии стапала, по што настанала расправија.

Адвокатот на Тања, Омар Суиди, за медиумите изјавил дека расправијата прераснала во физичка тепачка кога возачот и неговата девојка излегле од автомобилот, и дека никој не бил сериозно повреден во тепачката.

Share
Scroll to Top