Италијанската полиција поведе истрага против Кание Вест и Бјанка за непристојно однесување на јавно место

Италијанската полиција поведе истрага против Кание Вест и Бјанка за непристојно однесување на јавно место

пред 8 месеци

Италијанската полиција подигна истрага против американскиот рапер Кание Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори, откако и двајцата неодамна привлегоа големо вниамние со нивното однесување и облека. И двајцата беа фатени на брод низ каналите на Венеција, кога раперот беше без долна облека.

„Без сомнение, она што го видовме од двајцата беше недостаток на почит кон Венеција, најмагичниот град на светот“, рече советничката за јавна безбедност Елизабета Пеше.

Од полицијата рекоа дека постојат стандарди на пристојност и однесување на јавно место до кои мора да се придржуваат и туристите и локалните жители, а секое прекршување е најстрого казнувано.

Додадоа дека фотографиите на раперот и неговата сопруга го обиколија целиот свет и дека успеале да го пронајдат возачот на чамецот, кој исто така ќе сведочи. Контактирале и со фотографот, кој како доказ ќе треба да им ги предаде сите материјали.

„Добивме поплаки од луѓе кои беа сведоци. Делото за кое се води истрага е против пристојноста на јавно место и се казнува со административна парична казна. Доколку локалниот обвинител одлучи да поднесе обвинение, ќе ги информираме преку амбасадите“, додоа тие.

Освен тоа, властите во Венеција веќе издадоа неколку казни за парот, од оние за излети на отворено до пливање во канали. Извор близок до градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, ги критикуваше за неодамнешните фотографии ѝ се надева дека обвинителот ќе им изрече парична казна.

 

Share
Scroll to Top