Објавени се фотографии од плоштадот „Слобода“, главниот плоштад во Харков, кој утрово во 7 часот беше погоден од руска ракета.
Според украинската страна, во нападот загинале најмалку десет лица, а најмалку седум се повредени. Меѓу повредените има и едно дете. Зградата на локалната самоуправа се наоѓа на главниот плоштад во Харков.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот „тероризам“ што никогаш нема да и го прости на Русија“.