(Во живо) Седми ден од руската инвазија на Украина, руските падобранци слетаа во Харков, нов ден за преговори

пред 3 години

Седми ден од руската инвазија на Украина.

Руските напади врз украинските градови продолжуваат. Руските војници влегоа во Керсон, а во текот на ноќта продолжија нападите врз Харков и предградијата на Киев.

Украинските новински агенции објавија снимки во кои се наведува дека ги прикажуваат последиците од синоќешните борби во градот Бородинка кај Киев.

Во текот на ноќта рекетиран бил и Житомир, а ракетите, како што соопшти Украина, наместо во соседниот аеродром, погодиле куќи, при што загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.

Денеска е нов ден за преговори.

Клучни настани:

Вчера опладнето Русите, откако најавија дека ќе пукаат во цели во Киев, ја ракетираат ТВ кулата при што загинаа пет лица. Пред Киев е огромен руски воен конвој.

Руските падобранци слетаа во Харков во обид да го освојат опколениот град, соопшти украинската армија.

Според наводите на украинската армија, воздушниот напад започнал веднаш штом се огласиле сирените за воздушна опасност во Харков и околината.

Во соопштението се наведува дека руските сили ја нападнале регионалната воена болница и дека борбите се во тек, пренесува Би-би-си.

Си-Ен-Ен синоќа, повикувајќи се на проверени видеа, објави дека станбен комплекс во близина на болницата бил погоден во нов напад на руските сили врз Харков.

Американска телевизија јавува и дека во близина на Киев се слушнале серија експлозии.

Претходно советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко соопшти дека руските сили синоќа го бомбардирале аеродромот во Чугујево, во областа Харков.

Share
Scroll to Top