Аквизицијата треба да заврши најдоцна до јули годинава, а нејзината вкупна вредност ќе изнесува околу 65 милиони евра.
Плановите за проширување на Netflix на гејминг пазарот се добро познати, а компанијата сега има намера да направи уште еден голем чекор во таа насока. Стриминг сервисот најави преземање на финската компанија Next Games, која е одговорна за развој на мобилна игра базирана на успешната серија на Netflix, Stranger Things. Аквизицијата треба да заврши најдоцна до јули годинава, а нејзината вкупна вредност ќе изнесува околу 65 милиони евра.
Според Мајк Верду, еден од главните директори на Netflix за видео игри, Next Games треба да биде клучен дел од нивните напори да се прошират на пазарот за видео игри. „Додека почнуваме со игрите, уверен сум дека заедно со Next Games ќе изградиме портфолио на светски игри кое ќе ги воодушеви нашите членови ширум светот“, коментираше Верду. Тој беше донесен во Netflix од Facebook за да го изгради од нула одделот за видео-игри на компанијата.
Првите игри станаа достапни за претплатниците на Netflix кон крајот на минатата година, а се чини дека во следнитемесеци и години можеме да очекуваме бројни новитети од стриминг гигантот и на пазарот на видео игри.
Според CNBC, тактиката на преземање помали гејмерски студија се покажа исклучително успешна за водечките компании на пазарот како Sony, Microsoft и кинескиот Tencent. Истата стратегија, со надеж за слични резултати, сега ја применува Netflix за да ja добие интелектуалната сопственост, но и талентираните вработени во компаниите како Next Game.