Руското Министерство за образование објави дека на учениците од целата нација ќе им се одржи виртуелна лекција зошто е неопходна ослободителната мисија во Украина, пишува Би-би-си.
Упатството за емитување ќе се одржи денеска во 12 часот по московско време.
Гледачите ќе бидат поучени за опасноста што НАТО ја претставува за нивната земја и зошто Русија се залага за заштита на цивилите во Народните републики Доњецк и Луганск.
Во соопштението на Фејсбук страницата на министерството се вели дека децата исто така ќе научат како да ја разликуваат вистината од лагата во огромниот проток на информации, фотографии и видеа кои денес го преплавуваат интернетот, јавува Би-Би-Си.