(Видео) Ристова: Во услови на криза СДСМ презема мерки за да се зачува стандардот на граѓаните и економијата

пред 3 години

Владата предводена од СДСМ внимателно ги следи глобалните економски текови и последиците од агресијата врз Украина. Се преземаат сите мерки за да се зачува и унапреди стандардот на граѓаните, да се сочува економијата во услови на криза. Апелираме до граѓаните да бидат спокојни, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи, изјави на денешната прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Таа додаде дека откако цените беа замрзнати, Владата донесе одлука за ограничување на маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо.

Истовремено, државата има задоволителна количина на потребните прехранбени производи и нафтени деривати во стоковите резерви. Се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

Ристова додаде дека продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза.

Како парламентарно мнозинство продолжуваме со реализација на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и ја помагаат домашната економија, изјави Ристова.

Share
Scroll to Top