ОН: Стотици илјади луѓе се во движење, коридорите не се доволни

пред 3 години

Во интервју за Ал Џезира од Корчова на украинско-полската граница, каде што се сретна со бегалците кои пристигнаа, шефот на ОН за бегалци Филипо Гранди ја поздрави најавата за отворање на хуманитарни коридори, но рече дека тоа не е доволно.

„Ни треба повеќе од тоа. Потребен ни е прекин на огнот за луѓето да престанат да се движат, а можеби дури и да се вратат во своите домови, но во овие околности сите ми велат дека се премногу исплашени“, изјави тој.

Гранди рече дека е многу тешко да се слушаат приказните на бегалците.

Тој вели дека повеќе од 1,5 милиони луѓе сега ја напуштиле Украина поради војната, додавајќи дека сите индикации се дека протокот на луѓе ќе се зголеми во наредните денови.

„Она што го слушаме е дека стотици илјади се во движење. Ако бомбите продолжат да паѓаат врз градовите, луѓето ќе си заминат“, додаде тој.

Share
Scroll to Top