Концерт на Симон Трпчески и пријателите во Лондон

пред 3 години

Во рамки на Пролетната серија концерти на „Вигмор Хол“, пијанистот Симон Трпчески утре ќе настапи во престижната концертна сцена во Лондон.

Концертот е насловен „Трпчески и пријателите“, а заедно со него на сцената ќе излезат и Ѓорѓи Димчевски на виолина, Сорин Спасиновици од Романија на виола, Александер Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет и Влатко Нушев на перкусии.

Концертот ќе се пренесува во живо на веб-страницата на „Вигмор Хол“, а видеото ќе биде достапно 90 дена по датумот на емитување. Почетокот на едночасовниот настап е закажан за 13 часот по британско, односно 14 часот по средноевропско време.

– Во меѓувреме, издавачката куќа Лин рекордс, по големиот интернационален успех на ЦД-то на кое Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија изведуваат програма со дела од Шостакович, веќе за крајот од овој месец го најави и излегувањето на првиот самостоен компакт диск за познатата британска етикета на која Симон Трпчески ќе се претстави со дела од Моцарт, Брамс и Бетовен, се наведува во соопштението.

Share
Scroll to Top