Независниот синдикат на пожарникари: Никогаш не ни се случило некој да ни забрани да примиме гостин

пред 3 години

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија соопшти дека од страна на раководството на Секторот за заштита и спасување во Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, им било забрането да одржат средба со кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, во просториите на Синдикатот, за да ја запознаат со состојбите во пожарникарството.

Оттаму велат дека пред повеќе денови добиле уредно барање за средбата од страна на Арсовска.

„ Независниот синдикат на пожарникари на Македонија има сопствени простории кои повеќе од една деценија се наоѓаат во објектот на БППЗ во Автокоманда, Скопје. Во тие простории сме пречекувале гости од сите политички партии, претставници на разни религиски и други видови на социјални заедници, но никогаш не ни се случило некој да ни забрани да примиме гостин досега! Тие простории се само физички близу Бригадата, но се во децениско владение на Синдикатот, кој секогаш ги користи согласно неговите законски надлежности и целта на постоењето на еден синдикат.

Ваквото однесување ја ускратува слободата на синдикалното движење и од тие причини за овие случувања ќе бидат известени сите домашни и меѓународни институции“ велат од Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија.

Share
Scroll to Top