Театарот во Лавов стана засолниште за украинските цивили

пред 3 години

Театарот Лес Курбас во Лавов е претворен во привремен прифатен центар за Украинците кои побегнаа во овој историски град во западна Украина за да ги избегнат руските напади.

Десетици луѓе спасот го најдоа во театарот Ле Курба, еден од историски најважните театри во градот.

– Пред војната во оваа соба доаѓаа актери и актерки на последните подготовки, а сега овде подготвуваме оброци за децата и им даваме лекови на оние на кои им требаат – рече Олександра Шутова, една од ученичките.

Натела Келадзе, мајка која побегна од Киев со своето дете поради напад на руската армија, рече дека ќе живее во театарот до денот кога преку Полска ќе можат да одат во Шведска.

Изграден на почетокот на 20 век, Лес Курба служи како театар од 1988 година, а денес е едно од многуте засолништа за цивилите кои бегаат од руските напади.

Share
Scroll to Top