Скандал во хрватската војска – седум војници се дрогирале

пред 2 години

Повторно проблеми со дрогата во хрватската армија, јавуваат медиумите во оваа земја.

Имено, кај осум хрватски војници е откриено присуство на метаболити на лекови.

Од Министерството за одбрана велат дека против седуммина е поднесена дисциплинска постапка, додека еден припадник на армијата со медицинска документација потврдил присуство на метаболити на лекови во организмот и против него не е поведена постапка.

Најголем дел од припадниците се од хрватската армија. Официјално не се знае дали дрогата ја консумирале додека биле на служба или надвор од касарната, како ја набавувале и во колкави количини.

Инаку, од Министерството за одбрана наведуваат дека се уште не се завршени сите поведени постапки против војниците за кои е утврдено дека консумирале дрога минатата година.

Share
Scroll to Top