Малезија од 1 април ги отвора границите, нема карантин

пред 3 години

Малезија повторно ќе ги отвори границите на 1 април и ќе дозволи влез без карантин за посетителите вакцинирани против Ковид-19, изјави денеска мелезискиот премиер Исмаил Сабри Јакоб.

„ И оваа земја од Југоисточна Азија ќе влезе во фаза кога Ковид-19 ќе стане ендемска болест од следниот месец“, рече Исмаил Сабри во телевизиско обраќање, пренесува „Ројтерс“.