Земјите членки на Европската Унија се договорија за нови санкции против руските лидери и олигарси поради инвазијата на Украина, објави утринава „Ројтерс“.
Според најавата, членките на состанокот ги одобриле санкциите, а договорено е тие и официјално да бидат усвоени на самитот на Европската Унија в четврток и в петок во Версај.
Француското претседателство со ЕУ објави дека новите мерки се однесуваат на криптовалутите, а од Свифт ќе исклучат три белоруски банки, а последиците ќе ги почувствува и поморскиот сектор.