Кинески производител произведде матична плоча, која ја имплементира старата DDR4 меморија, како и најновиот DDR5 стандард за меморија,
Компанијата Onda, на матичната плоча Onda 610M+ вметна два DIMM слота, од кои едниот прифаќа DDR4 RAM, додека другиот е наменет за DDR5 модули. Двата DIMM слота се со различна боја – црни за DDR5 RAM, додека другиот е за DDR4 меморија.
Иако имаат ист број пинови (по 288), разликата помеѓу двата мемориски стандарди е што имаат различни клучеви за модулите, па затоа не се компатибилни со истите DIMM слотови.
— 188号 (@momomo_us) March 6, 2022
Integrated Memory Controller (IMC) на 12-та генерација на процесорите Alder Lake на Intel поддржува и DDR4 и DDR5“меморија, а придружниот слот за LGA1700 600 чипсетот доаѓа во две различни верзии.
Некои од овие плочи поддржуваат RAM од следната генерација, додека други поддржуваат само DDR4 модули.
Компанијата Onda сега е меѓу првите што претстави матична плоча која ги поддржува двата мемориски стандарди.
Извор: B92.net