Шведска донесе одлука пасошот за ковид вакцинација од 1. декември да биде неопходен за сите настани со повеќе од 100 учесници, а многумина одлучија да ја почитуваат оваа мерка со чипирање.

Во Шведска расте бројот на луѓе кои одлучуваат да си вградат микрочипови под кожа, а дополнително се одлучуваат за овој потег по најавата на оваа земја дека на сите настани ќе бара пропусници за вакцинација.

Според истражувањата, околу 6.000 луѓе во Шведска досега имаат инсталирано чип во рака. Оние кои имаат искуство со овој процес посочуваат дека по додавањето на имплантот за микрочип престанале да носат пропусници за вакцина, клучеви, лични карти, а чиповите можат да ги користат и за транспорт.

Претходно, шведски технолошки стартап смисли микрочип со големина на зрно ориз, кој може да се имплантира под кожа и да служи како ковид пропусница. Уредот може да се постави да прикажува евиденција за вакцинација. Корисникот може да го користи паметниот телефон за читање податоци од микрочипот кога е во близина.

Секако, има многумина кои немаат позитивно мислење за овој тренд. Еден од најчестите аргументи што ги користат противниците на микрочиповите имплантирани во човечкото тело е дека не сакаат да бидат следени.