Во блиска иднина е можна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски, изјави портпаролот на турскиот претседател.
„Има причина да се верува во тоа“, изјави портпаролот на Реџеп Таип Ердоган.
Инаку Турција повеќепати изјави дека сака да посредува во решавањето на конфликтот во Украина, а вчера во Анталија се одржа првата средба на министрите за надворешни работи на Украина и Русија од почетокот на специјалната операција на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека е потребен директен разговор меѓу него и претседателот Путин.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера по средбата во Турција изјави дека Путин нема да зборува „за да зборува“.
„Ние секогаш сме за разговори ако можеме да го решиме ова прашање, а украинските власти би сакале да се сретнат за да се сретнат“, рече Лавров.
Кажа дека Зеленски неколку пати инсистирал на средбата и рече дека се надева оти патот за тоа ќе се отвори на белоруската рута.
Лавров уште еднаш посочи дека Путин не е против средбата, но дека пред тоа мора да се „поплочи“ патот за да се преговара за што било.