ОН: Русите користеа касетни бомби во населените украински области

пред 4 години

Портпаролот на Канцеларијата за права на Обединетите нации вели дека има веродостојни извештаи за неколку случаи на употреба на касетни бомби од страна на руските сили во Украина.

Ројтерс јавува дека тие биле користени и во населени места.

Да потсетиме, руската инвазија на Украина влезе во 16-ти ден.

Според извештајот на ОН, од Украина досега избегале 2,5 милиони луѓе. Повеќето од нив заминаа во Полска.

Share
Scroll to Top