Виолончелистот Антонио Илиоски на 16 март ќе одржи концерт во Филхармонија во Скопје. Влезот на концертот е бесплатен.
„Чест и задоволство ми е да свирам во родниот град Скопје за прекрасни луѓе како вас. Се гледаме на 16 март во Филхармонија“, вели Илиоски.
Антонио е ученик во средно музичко училиште „Илија Николовски Луј“ во класата на проф. Марија Кочарова Узунова.