Македонскиот фудбалер Иван Тричковски е избран во идеалниот тим на кипарскиот шампионат за 2021 година. Изборот го направија спортските медиуми во земјата а традиционално се одржува секоја година.
Тричковски е и најдобриот стрелец на АЕК Ларнака и заслужено се најде во идеалниот тим заедно со напаѓачите Питас од Аполон и Папулис од Омонија. Оваа сезона има постигнато 12 гола.
Тој е странецот со најмногу постигнати голови во историјата на кипарскиот шампионат. Имаше извонредна година и со настапот со македонската репрезентација на ЕВРО 2020 во Романија и во Холандија.