(Видео) На кој јазик да зборувам? Македонски? не, фала, Кулушевски не сакаше да даде изјава на македонски јазик по поразот од Манчестер Јунајтед
пред 3 години
Фудбалерот на Тотенхем, Дејан Кулушевски кој има македонски корени, не сакаше да даде изјава на македонски јазик за телевизијата „Спортклуб“.
По поразот на неговиот тим од Манчестер Јунајтед, новинарот кој доаѓаше од хрватската „Спортклуб“ почна да му зборува на хрватски, надевајќи се дека така полесно ќе се разберат.
Но, шведскиот репрезентативец побара интервјуто да го направат на англиски, затоа што малку го разбирал англискиот јазик.
Кулушевски е роден во Стокхолм, но неговите родители потекнуваат од Македонија. Тој едно време играше за македонската репрезентација до 16 години, каде на девет натпревари постигна три гола. На тие девет натпревари зборуваше на македонски без никаков проблем.
На крајот реши да настапува за Шведска, каде што сега е и сениорски репрезентативец. За потсетување, во натпреаврот од Премиер лигата, Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го победи Тотенхем со 3:2.