Претстојните уреди на Samsung од А серијата – Galaxy A53 5G и Galaxy A73 5G веќе некое време се споменуваат во гласините. Двата смартфони се појавија на интернет неколку пати и беа забележани и на веб-страниците за сертификација. Сега, дојавувачот Еван Блас сподели постер за претстојниот настан за лансирање.
Постерот што се појави на мрежите открива дека настанот на Samsung – Awesome A Galaxy ќе се одржи на 17 март. Протечениот постер ја прикажува и абецедата во седум различни стилови.
— Ev (@evleaks) March 11, 2022
Можеме да очекуваме брендот да ги претстави Samsung Galaxy A73 и Samsung Galaxy A53 на претстојното претставување, а да потсетиме, брендот ги објави Galaxy A52 и Galaxy A72 токму на истиот датум минатата година.