Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на рускиот напад врз Украина се убиени 13.000 руски војници.
Зеленски рече дека загубите на Русија за 18 дена се поголеми отколку во војната во Авганистан.
Тој наведе дека се уништени 74 авиони, 86 хеликоптери и над илјада оклопни возила на руската армија.
– Украина никогаш нема да се откаже. Украина храбро се бори – рече Зеленски.
Тој ги посети војниците ранети за време на руските напади во болницата во неделата, посакувајќи им брзо закрепнување.
Според Обединетите нации (ОН), од 24 февруари досега во Украина се убиени најмалку 564 цивили, а 982 се повредени.
Агенцијата на ОН за бегалци соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји, а околу два милиони се раселени во Украина.