Британија: Постојат убедливи докази дека Путин стои зад воени злосторства во Украина

пред 2 години

Велика Британиjа денеска објави дека има многу убедливи докази дека во Украина се извршени воени злосторства и дека зад нив стои рускиот претседател Владимир Путин, но не го нарече воен злосторник.

Американскиот претседател, Џо Бајден, во средата кажа дека Путин е воен злосторник во изјава за која Кремљ оцени дека е непростлива.

Запрашана дали Британија го мисли истото, министерката за надворешни работи, Лиз Трас, за радио Би-би-си изјави: „Постојат многу, многу убедливи докази дека во Украина се извршени воени злосторства и дека зад нив стои Владимир Путин“.

„Меѓународниот кривичен суд треба да одлучи кој е воениот злосторник и да собере докази“, додаде таа.

Share
Scroll to Top