„Сеќавање на Бенџамин Бритн“ – концерт на кој ќе прозвучат возбудливи дела од богатата ризница на современата музика, на 17 март, во Филхармонија.
Прва изведба на дела од Арво Перт и Дојна Ротару и светска премиера на композиција од финскиот автор Калеви Ахо!
Диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист на флејта ќе настапи Матеи Јоакимеску од Романија!