Оскаровецот Вилијам Харт, кој беше најпознат по улогите во Broadcast News („Вести“), Body Heat („Телесни страсти“) и The Big Chill („Големото студенило“), почина во неделата на 71-годишна возраст, во кругот на своето семејство.
Неговиот син Вил изјави: „Со голема тага семејството Харт ја оплакува смртта на Вилијам Харт, сакан татко и актер оскаровец, кој почина на 13 март, една недела пред неговиот 72-ри роденден.“
„Тој почина мирно, во кругот на семејството, од природна смрт. Семејството во овој момент бара приватност“.
Харт беше еден од водечките луѓе во Холивуд во текот на 1980-тите, и доби четири номинации за „Оскар“ додека се занимаваше со глума. Освои „гонг“ за најдобар актер за улогата во „Бакнежот на жената-пајак“ од 1985 година.