Украина вчера успеа да евакуира повеќе од 4.000 луѓе од градовите од првите борбени линии, изјави заменик-премиерката на Украина, Ирина Верешук.
Таа во видео изјава рече дека се евакуирани преку седум хуманитарни коридори, пренесе „Ројтерс“.
Верешук додаде дека три хуманитарни коридори не функционираат, обвинувајќи ги руските сили дека отвориле оган врз цивилите кои се евакуираат од регионот на Киев.