Милановиќ: Србите се само фуснота за Русите, ништо не им значат

пред 3 години

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека Босна и Херцеговина е аберција и растројство што е такво веќе 25 години поради, како што кажа, европските комесари.

„Но, тоа е на хрватската граница. И како за белја, таму сè уште живеат 500 илјади Хрвати. Е па… Дека нè засега нас, нè засега, барем што се однесува до мене“, рече Милановиќ, одговарајќи на прашање за ситуацијата во БиХ.

Тој повтори дека договор во БиХ не може да се постигне без Србите и нивните претставници. Хрватскиот претседател смета и дека одредени бошњачки елити во моментот им создаваат проблеми на босанските Хрвати, а не тамошните Срби.

„Тоа е факт. Кој сега мислеше експресно брзо да им пие крв на Србите, греши“, рече тој.

„Србите сигурно сфатија во какви глупости влегоа и дека тие се само фуснота за Русите. Тие не значат ништо за Русија“, рече Милановиќ, додавајќи дека Србите ќе разберат дека би било корисно за нив да влезат во Европската унија, но не и во НАТО, што според него е непотребно.

Share
Scroll to Top