Ќе победиме со помош на големата Русија, вели лидерот на Донецк

пред 2 години

Лидерот на украинскиот сепаратистички регион Донецк изјави дека сака мирно да се договори за границите со Украина, но и дека го задржува правото да побара помош од Русија.

Денис Пушилин, водачот на самопрогласената Донечка Народна Република, признаена од Русија оваа недела, рече дека за почеток го поддржува дијалогот со Украина.

Но, тој додаде дека ако ситуацијата стане критична сепаратистите ќе победат поддршка од, како што кажа, големата Русија.

Руското признавање на Донецк и Луганск од понеделникот се смета за незаконско од страна Западот кој воведе нови санкции кон Москва.

„Агресијата од украинска страна се засилува“, рече Пушилин, обвинувајќи го Киев за провокации и цивилни жртви. Украина ги негира обвинувањата дека поттикнува конфликт со цел насилно да ја ослободи својата територија.

Пушилин рече дека евакуацијата на жените и децата, која започна минатата недела, е потребна за да се овозможи нивната армија да се посвети на заштита на границите на нивната територија.

„Мобилизацијата расте, го гледаме тоа. И поранешни членови на милицијата и обични луѓе не можат да гледаат од страна кога се одлучува за судбината на Донбас“, рече тој.

Андреј Турчак, висок член на руската владејачка партија, истакна дека ниту една сила во светот не може да го промени правниот исход од признавањето на Русија.

Share
Scroll to Top