Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека преговорите со Украина се насочени кон обезбедување на нејзиниот воено неутрален статус.
„Преговорите кои во моментов се водат се преговори за обезбедување на воено неутрален статус на Украина во контекст на безбедносни гаранции за сите учесници во процесот и во контекст на демилитаризација на Украина за Русија никогаш повеќе да не биде загрозена, и секако во контекст на суспендирањето е потврдено во повеќе законски акти. Тоа значи укинување на сите дискриминаторски ограничувања кои беа воведени во врска со рускиот јазик, образованието, културата, руските медиуми“, изјави Лавров на заедничката прес-конференција со неговиот ирански колега.