Канје Вест суспендиран од Инстаграм на 24 часа откако ја прекршил политиката за вознемирување

пред 3 години

Канје Вест е суспендиран од Инстаграм на 24 часа, откако раперот ја прекршил политиката на платформата во однос на вознемирување други лица, изјави портпаролот на нејзината матична компанија „Мета платформс инк“.

Платформата ја избриша содржината испратена од профилот на 44-годишниот рапер што е во спротивност со нејзините политики за „говор на омраза и малтретирање и вознемирување“, изјави портпаролот Џо Озборн за „Ројтерс“ во изјава испратена по е-пошта.

Како што пренесува „Вараети“, раперот упатил расни навреди кон Тревор Ноа, водител на „Дејли шоу“ во објава на Инстаграм, откако Ноа говорел за кавгата помеѓу Канје, неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан и нејзиното момче, комичарот Пит Дејвидсон. Објавата оттогаш е избришана.

Share
Scroll to Top