Скапата јакна на Путин е тема на дискусија меѓу Русите

пред 3 години

На церемонијата во Москва по повод годишнината од анексијата на Крим, рускиот претседател Владимир Путин наводно носел скапа јакна вредна милион и пол рубљи.

Владимир Путин вчера на стадионот „Лужники“ во Москва им се обрати на илјадници руски граѓани по повод прославата на осум години од анексијата на Крим. На многу корисници на социјалните мрежи вниманието им го привлече јакната што ја носеше рускиот претседател за таа пригода.

„Додека Русите се расправаат за намирници во супермаркетите, Путин се појави пред публиката во јакна „Loro Piana“ за речиси милион и пол рубљи“, велат тие на Твитер.

Станува збор за италијанскиот бренд „Loro Piana“, а јакната чини 1.445.000 рубли (околу 12.200 евра).

Британски Дејли Мејл наведува дека „просечниот Русин треба да работи 25 месеци за да заработи за јакната на Путин“.

Во 2021 година, просечната годишна плата на населението во Русија беше 678.000 рубли (околу 5.700 евра), што е помалку од половина од цената на јакна, наведуваат медиумите во светот.

Share
Scroll to Top