Мистериозно руско оружје откриено во Украина

пред 2 години

Американски разузнавачи откриле дека балистичките проектили истрелани од Русија кон Украина содржат изненадување: мамки за радарите за воздушна одбранa, кои мамат ракети со термичка детекција, пишува „Њујорк тајмс“.

Уредите се долги околу еден метар, во облик на стрела и бела боја со портокалова опашка. Тие се испуштаат од балистичките ракети со краток дострел Искандер-М кои Русија ги стрела од мобилни фрлачи од другата страна на границата, изјави американски официјален претставник.

Тој додава дека мистериозниот предмет се исфрла кога проектилот ќе детектира дека е откриен од противвоздушната одбрана.

Уредот е полн со електроника и произведува радио сигнали за да им пречи на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат Искандер-М и содржи извор на топлина за привлекување проектили кои доаѓаат од спротивната страна. Службеникот, кој не е овластен да зборува јавно за разузнавачки прашања, го опишал уредот, но побарал да остане анонимен.

Пронајдените мамки би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската воздушна одбрана има проблеми со пресретнувањето на руските ракети Искандер. Одговорот може да биде во овие уреди кои ја доведуваат во заблуда воздушната одбрана.

Искандер е балистички ракетен систем со краток дострел кој има опсег од повеќе од 400 километри.

Share
Scroll to Top