Прв напад на Одеса – гранатирана станбена зграда, избувна пожар

пред 3 години

Градските власти на Одеса денеска ги обвинија руските сили дека утринава извршиле напад врз станбени згради во предградијата, што е прв таков напад во ова пристаниште на Црното Море, јавува Ројтерс.

Силите објавија кратко видео на кое наводно се гледа серија експлозии кои удираат во вода долж брегот.

„Тоа се станбени згради во кои живеат цивили“, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов.

Русија, од друга страна, негира дека цели на цивили.