Руска елита има намера да го отруе претседателот Владимир Путин и на негово место да постави човек кој ќе ги обнови трговските врски со Западот, тврдат украински известувачки служби, а пренесе „Курир.рс“.
Известувачкиот директорат при Министерството за одбрана на Украина наведе дека група влијателни поединци во Русија почнале да планираат како да го тргнат рускиот претседател. Украинската служба тврди дека директорот на FSB Олександар Бортников е избран да го замени Путин. Тој во моментов е на чело на агенцијата која ја наследи злогласната КГБ.
Путин беше директор на Руската известувачка агенција пред да стане претседател и тој и Бортников служеа заедно во КГБ во Ленинград, пренесе „Дејли Мејл“.
Инсајдери велат дека Русите наводно биле загрижени од последиците од украинската инвазија на руската економија која е тешко погодена од санкциите.
Од Главниот директорат за известувачки работи, велат дека Бортников и некои други влијателни претставници на руската елита, размислуваат различни опции како да го тргнат Путин од власт. Не е исклучено труењето, изненадувачка болст или било каква друга случајност.
Бортников падна во немилост на Путин поради воените губитоци во првите три недели од војната во Украина. Путин за време на тој период смени осум генерали. Се проценува дека Русија има изгубено 15.000 војници во Украина.
Москва само еднаш од почетокот на војната излезе во јавноста со бројот на настрадани војници, пред две недели и според нивните проценки станува збор за околу 500 жртви.
Еден украински известувачки извор неодамна рече дека вредно за вниамние бил моментот кога Бортников неодамна го посрамотил рускиот диктатор. Официјалната причина била фаталните погрешни проценки во војната против Укриана.
Бортников и неговото одделение биле одговорни за анализата и расположението на Украинците и способноста на украинската војска. Се верува дека Бортников има мрежа од инсајдери кои работат и живеат во Украина, каде и дека низ годините создал мрежа на агенти.
„Овие гласини и сомнежи во московскиот внатрешен круг ќе посјат семе на параноја и сомнежи во раководството. Нема сомнеж дека руската елита ќе почувствува жестоки сакнции и дека им станува јасно каква катастрофа за нив е оваа војна“, рече западен извор за „Дејли мирор“.
„За нив ситуацијата само ќе се влошува“, додаде тој.
„Постои голема претпоставка дека мал број на луѓет сега може да се обидат да го тргнат рускиот претседател, но дали ќе успеат во тоа, останува да се види. Многу влијателни лица се охрабрени и од моќни лица од Западот и повеќето од нив сметаат дека на Путин му е доста“, додаде изворот.
Изворот наведе дека иако Украина има претрпено доста штета во инвазиајта, тие успеале да ги осакатат руските сили и да ги предвидат нивните воени потези. Тој рече дека многу е можно некои да издава информации на Украинците во замена за некаква гарантирана безбедност и иднина на Западот или пак во самата Русија.
Извор: Курир.рс