Украински парламент: 117 деца се убиени од почетокот на инвазијата

пред 3 години

Украинскиот парламент утринава соопшти дека 117 деца се убиени, а 155 се повредени во нападите на руските сили од почетокот на руската инвазија на Украина.

Според украинскиот парламент, најголем број жртви се регистрирани во Киев, Харков и Чернихив на северот на земјата.

Да потсетиме, ОН денеска соопштија дека во војната досега загинале 925 цивили, од кои 75 деца. Но, вистинските бројки се веројатно значително повисоки, велат ОН.

Share
Scroll to Top