Денеска на 22 март се празнуваат празнуваат Светите 40 маченици, меѓу народот уште познат и како Младенци, бидејќи жртвите биле млади мажи. Обичајот е да се посетат паровите кои се венчале во претходната година и да се даруваат. Денеска се прават Младенчиња, колачи со мед.
Потребни состојки:
- 1 кг брашно;
- 1 коцка свеж квасец;
- 50 мл вода;
- 4 лажици масло;
- 2 лажици шеќер;
- 3 лажици мед + за премачкување;
- лажичка сол.
Подготовка:
- Во малку вода промешајте го квасецот и додадете го шеќерот. Почекајте да нарасне.
- Во сад ставете го брашното и додадете го медот, а потоа солта и маслото. Додадете го квасецот и сето тоа убаво измешајте го. Додадете го остатокот од водата и замесете тесто, па оставете го да стаса околу 20 минути.
- Расукајте го тестото и извадере 40 младенчиња со калап или чаша.
- Наредете ги на хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути, додека не поруменат.
- Печените младенчиња премачкајте ги со мед.
извор: Стил.рс