Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) и на мазутот М-1 НС не се менуваат, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,00 ден./л.
Од 23.3.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,00 (денар/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 52,354 (денара/килограм)