Приведен дилер во Кочани, пронајден хероин

пред 4 години

Денеска во 02.00 часот на ул.„Иван Иванов – Балаш“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.И.(36) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин.

Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top