Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО.
Ковачевски, во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска и постојаниот претставник на Република Северна Македонија во НАТО амбасадорот Дане Талески, ќе земе учество состанокот на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади кој ќе се одржи утре, на 24 март.