Итен план на ЕУ за набавка на гас

пред 3 години

Европската комисија предложи земјите-членки да купуваат гас преку заедничка набавка и да воведат обврска складиштата за гас да бидат исполнети најмалку 80 отсто пред следната зима, а за наредната година 90 отсто.

„ Глобалните и европските енергетски пазари минуваат низ турбулентни времиња, особено по руската инвазија на Украина. Европа мора да преземе брза акција за да обезбеди снабдување со енергија за следната зима и да го ублажи притисокот од високите сметки за енергија врз нашите граѓани и бизниси“, рече комесарот за енергетика Кадри Симсон.

Комисијата во мај објави дека ќе претстави детален план за постепено укинување на зависноста од руските фосилни горива до 2027 година, како одговор на руската инвазија на Украина. ЕУ увезува околу 40 отсто од својот гас од Русија.

Во меѓувреме, ЕУ и нејзините членки работат на изнаоѓање начин за брзо ограничување на растечките сметки за енергија и изнаоѓање алтернатива во случај на прекин на испораките на гас и нафта од Русија. Комисијата денеска презентираше неколку предлози за кои лидерите на земјите членки ќе расправаат на нивниот самит утре и задутре.

Комисијата препорача земјите-членки да купуваат гас преку заедничка набавка на ниво на ЕУ според моделот за кој е набавена вакцината против Ковид-19.

Во последните денови неколку влади на земји-членки на ЕУ предложија различни решенија за проблемот со галопирачкиот раст на цената на струјата. Едната опција е да се ограничат цените на струјата, а другата е да се формира тело контролирано од државата кое би купувало струја и би ја продавало на одредени потрошувачи под пазарната цена. Некои членки, исто така, предложија ограничување на цените на електричната енергија со компензација на производителите за разликата помеѓу горенаведените и пазарните цени.

Share
Scroll to Top