(Видео) Докторка Цули Софијанова славеше роденден: Интимна забава со многу љубов

(Видео) Докторка Цули Софијанова славеше роденден: Интимна забава со многу љубов

пред 3 години

Директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, позната уште како доктор Цули, завчера наполни 57 години. Таа го прослави својот роденден со парче чизкејк, во интимна атмосфера со своите најблиски во познат скопски локал..

На забавата присуствуваше нејзината ќерка Марија која веќе долги години живее во Лондон , како и другата ќерка Анастасија со нејзините две деца Михаил и Лука. Цули на сподели и фотографии од подароците кои ги добила на работа.

Во интервју за „Репортер“, таа раскажа за нејзината ќерка Марија, која на 18 години заминала во странство да студира, каде дипломирала како најдобар студентка во Брисел, а оттаму заминала во Лондон каде завршила економија и повторно била најдобра во својата генерација, што, како што самата вели, претставува огромна гордост за нивната фамилија.

Додека Марија ја примила наградата за најдобар студент во Брисел, Цули била во публика, па првпат во нејзиниот живот ѝ се случило да не може да си ги сопре солзите.

„Иако животот понекогаш ве тера да бидете јаки, сепак тоа беше посилно од мене. Па дури и помалата ќерка Анастасија ми велеше да престанам, оти сите гледале во мене. Но тоа беше појака емоција“, рече таа.

„Се расплакав во Брисел за ќерка ми“, искрено со доктор Аспазија Софијанова

 

Share
Scroll to Top