Кина застана на страната на Русија – не го поддржува предлогот на САД

пред 3 години

Кина нема да го поддржи предлогот на САД за исклучување на Русија од Г20 (самит на лидери на 20 земји), изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбинг.

Како што наведе, ниту една членка нема право да исклучи друга земја.

„ Ниту една членка нема право да исклучи друга земја од членството во Г20“, рече дипломатот.

Специјалната операција на руската армија во Украина започна на 24 февруари, а околу десет милиони Украинци мораа да ги напуштат своите домови поради војната.

Share
Scroll to Top