Молдавија на чекор до војна? „Би можела да биде поголема закана од Украина“

пред 2 години

Што се случува во Молдавија? Мирисот на војна не само што стигна до работ на Молдавија, туку почна да се чувствува и во самата земја. Имено, Молдавија стравува дека конфликтот може да се прелее и на нејзина територија. Дали Путин, иако не му оди добро во Украина, навистина ќе ја прошири војната на таа мала постсоветска држава чие име го подвлече во својот истрошен дневник за обновувањето на „руската империјална моќ“?, анализираат медиумите во светот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во последните денови во Молдавија, според новинарските извештаи, во нејзиното Придњестровје, кое се наоѓа покрај границата со Украина (долга повеќе од 400 километри), имаше тензии и неколку мистериозни напади и експлозии, што многумина го протолкуваа како подготовка за нејзино вклучување во војната, која потоа ќе ја зафати цела Молдавија.

Откако Русија ја нападна Украина, Молдавија се споменува како следна цел на освојувачките амбиции на Путин, оценуваат аналитичарите.

Според нив, кога претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, даде изјава во Генералштабот на белоруската армија на почетокот на војната во Украина, сите забележаа на мапата зад него дека еден правец на рускиот напад од Црното Море оди кон Молдавија.

Тогаш, како што пренесуваат медиумите, се зборуваше дека се работи за „грешка“, но непосредно пред најавата за руската офанзива на Донбас, генерал Рустам Минекаев, в.д. командантот на централниот воен округ без двоумење рече дека контролата над југот на Украина е копнена врска со Придњестровје. Тој, исто така, истакна дека во Молдавија има примери за загрозување на руското и рускојазичното население, што предизвика особена загриженост.

Заканите, според упатените, само потврдуваат дека ако Путин успее во своите идеи во Украина, нема да застане и да се задоволи со тоа. Никој во руското Министерство за одбрана не сакаше да ги коментира изјавите на Минекаев, ниту сакаше да ги демантира, иако заменикот на Лавров од руското Министерство за надворешни работи, Андреј Руденко, јасно кажа дека „Москва се надева дека нема да мора да интервенира и реши уште еден регионален конфликт.“ Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека нема причина Владимир Путин да разговара со молдавската претседателка Маја Санду.

Според последните извештаи од светските гласила, во Молдавија се разгореа страстите, подигната е борбената готовност и во земјата и во одметнатото Придњестровје, а земјата, како што велат некои аналитичари, е зафатена од воената болка, велат упатените.

Share
Scroll to Top