Доживотен затвор за Германката која минатата година уби пет свои деца

пред 3 години

Во Германија 28-годишна мајка е осудена на доживотен затвор за убиството на пет од нејзините шест деца, во куќа во западниот град Золинген, јави денеска германската новинска агенција ДПА.

Според агенцијата АП, регионалниот суд во Вупертал во својата пресуда ја утврдил посебната тежина на кривичното дело, а во повеќето случаи таквиот наод исклучува ослободување од затвор по 15 години.

Децата Мелина, Леони, Софи, Тимо и Лука, на возраст од една до осум години, беа убиени во септември 2020 година.

Обвинителите посочија дека нивната мајка прво им дала седатив за млади, а потоа дека давела или ги задушила, пренесува АП.

Сметаат дека повод за овие убиства била фотографијата што поранешниот партнер и ја испратил на жената, а на која тој бил со нова партнерка.

По ова, мајката му напишала дека никогаш повеќе нема да ги види своите деца.

Откако ги убила децата, таа се обидела да се самоубие скокајќи пред воз на железничката станица во Диселдорф и се здобила со тешки повреди, но не опасни по живот.

Share
Scroll to Top